Португалскиот ветеран Нани ја заврши соработката со италијанскиот тим Венеција, и ќе заигра во далечната Австралија. Потпиша договор со тимот на Мелбурн Виктори. Потпиша двегодишен договор, а заминува по само девет одиграни мечеви во Италија. Претходно имаше и авантура во САД, каде што играше за Орландо.
Најдобрите фудбалски денови, овој 35. годишен играч ги имаше во дресот на Манчестер Јунајтед со кого своевремено освојуваше титули и во Премиер лигата и на интернационално ниво.