Кристијано Роналдо е одлучен во својата намера да го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок. Француските медиуми откриваат дека обидот да се пресели во редовите на ПСЖ завршил без успех.
Во таборот на актуелниот француски првак не размислуваа премногу, веднаш испратија негативен одговор, па нема ништо од фамозниот тандем Меси – Роналдо.
ПСЖ во 2016 година се обиде да го донесе Роналдо од Реал Мадрид, но во тој момент беше невозможна мисија. Добро е познато дека „светците“ веќе пред неколку недели дадоа до знаење дека луксузните засилување се исклучени во следниот период, па вратата за Роналдо е затворена.
Португалецот не отпатува со Јунајтед на турнејата, со што порача дека не сака да се врати на „Олд Трафорд“.
Неговиот менаџер Мендеш ќе има полни раце работа, ќе мора да најде тим што е подготвен да плати 30 милиони евра по сезона. Во овој момент Челзи и Баерн се во игра за неговите услуги, но не треба да се исклучи можноста дека на крајот ќе мора да остане во Јунајтед.