Шпанскиот интернационалец Родри ќе остане дел од тимот на Манчестер Сити минимум уште пет години. Клубот објави дека е потпишана нова соработка со играчот за врска која е со траење до 2027 година, и со тоа клубот прави уште еден чекор кон оформувањето на тимот за следната сезона.
Дефанзивниот играч за врска се приклучи на шампионот во Премиер лигата во летото 2019 година за 63 милиони фунти од Атлетико Мадрид и постепено се етаблираше како еден од клучните играчи во тимот на Хосеп Гвардиола.