Ужас со среќен крај (ВИДЕО)

2908

 

Македонскиот шампион Шкупи се пласираше во второто коло од квалификациите за Лигата на Шампиони откако попладнево го елиминираше претставникот на Гибралтар со вкупни 3:2. Благодарение на победата во Скопје од 3:0, затоа што она што денеска се случи на Гибралтар е рамно на катастрофа, фијаско и дебакл. Шкупи загуби со 2:0 и фалеше „влакно“ за да биде елиминиран. Ваков ужасен меч никој ниту очекуваше ниту се надеваше од проста причина што Шкупи во Скопје и тоа како го надигра противникот. Одигра супер, дијаметрално спротивно од она што го одигра денеска. Катастрофа. Линколн одигра според своите можности, даде два гола, но далеку дека ова е тим кој што смее и треба да го намачи нашиот шампион. А го намачи и „тоа дебело“. Потење и тресење до последна минута, удари на противникот за трет гол Наумовски „вадеше“ удари и е спасителот на Шкупи.

Домаќинот го шокира Шкупи во првиот дел

Не одигра нашиот првак онака како што се очекуваше во првото полувреме на овој дуел, напротив. Домаќинот не само што беше поконкретен и поопасен туку го постигна и тој толку посакуван гол што на Линколн му донесе каков таков резултатски приклучок по оној минус од три донесен од Скопје.

Кобниот момент од првиот дел се случи во 32. Минута. Изведен корнер од левата страна, топката ја зафати еден од домашните фудбалери на работ од шеснаесетникот. Наумовски интервенира добро, спасува гол во првиот момент, и одбива на петерец. Таму Хуанфри добро се снаоѓа и солно со полу волеј погодува во мрежата на Шкупи. Претходно Алварез имаше една ситуација во која од преку триесет метра со удар од прекин го тестираше домашниот голман, но овој добро реагираше.

Линколн удвојува предност

Ако водството на Линколн од 1:0 не беше доволна опомена за Шкупи, „фино лепо“ домаќинот на дваесетина минути до крајот ја удвои предноста на 2:0. Вајсмен спушти прекрасно една долга топка со глава, а Каисаро со одличен удар во горниот десен агол од голот на Наумовски постигна евро гол.

Дури тогаш што се вели на тимот на Шкупи му „влезе вода во ушите“ затоа што очигледно дека начинот на кој што го одиграа овој дуел беше рамен ама буквално на катастрофа. Во ниту еден момент немаа контрола на дуелот, се обвистинија сите стравувања дека домаќинот на овој или на оној начин ќе се обиде да стигне до резултатски егал што и му успеа.

Сепак, на крајот некако Шкупи успеа да се спаси, односно издржа да не прими трет гол што ќе беше рамно на катастрофа. Се пласираше во следната фаза, каде што ќеигра дуел со екипата на Динамо Загреб.

 

 

Линколн – Шкупи 2:0 (1:0)

Вкупен резултат: 2:3

Стадион во Гибратар

Г.судија: Ф.Глова (Словачка)

Стрелци:Хуанфри 32’ Касиаро (Л)

Ж.картони: Торила (Л) Фаустин, Брдаровски Цефас Шеји (Ш)

Линколн: Колеинг, Вајсмен, Сергант, Лопес, Тоскано, Вокер, Торила, Роса (Конан46), Гомез, Нано, Хуанфри (Хуанпе 78)

Шкупи: Наумовски, Шеји, ФАустин, Абдула, Брдаровски, Алварез, Златков (Tрапановски 46), Куевен, Данфа (Бајрами 90), Адетунџи, Цефас (КАланоски 66)

 

ПретходноБилетите за Македонија Ѓ.П и ЦСКА Софија по цена од 300 денари!
СледноДинамо (З) го пречекува Шкупи во вторник во вечерен термин