Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) успешно ја заврши предвидената програма (континуиран тренинг и фудбалски натпревари – март/мај 2022.) од проектот „Училишен фудбал за девојчиња“.
Во проектот беа опфатени 24 основни училишта од 20 општини во Македонија.
Теоретскиот и практичниот дел од програмата беа реализирани од 30 наставници по физичко и здравствено образование, а беа вклучени 18 женски фудбалски клубови и нивните тренери.
Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“, активно учество земаа повеќе од 500 девојчиња од четврто и петто одделение кои не тренираат фудбал.
ФФМ организираше 8 регионални завршни турнири со учество на 24 училишни екипи.
Повеќе од 160 девојчиња и 8 училишни екипи ги одиграа натпреварите од финалниот турнир на тренинг центарот „Петар Милошевски“.