Фарах шокираше со признание: Името ми е Хусеин и сум жртва на трговија со луѓе

1044

Британскиот атлетичар Мо Фарах во документарец на Би-би-си го шокираше светот со признанието дека како дете во Британија бил доведен илегално и тоа како жртва на трговија со луѓе.

Најуспешниот британски маратонец откри дека името Мохамед Фарах му го дале истите луѓе кои го донеле во Британија, а вистинското име му е Хусеин Абди Кахин. Тој тврди дека на Островот дошол од Сомалија како дете на избеглици, а неговиот татко е убиен во нередите во Сомалија кога имал само четири години. Тој пребегнал во Џибути од каде е донесен во Британија.
Ме донесоа кај една жена во Лондон која ги искина моите документи и ги фрли во ѓубре. Во тој момент знаев дека сум во неволја. Морав да работам како слуга. За да јадам морав да чистам по дома, да перам садови и да се грижам за други деца. Често се заклучував во купатилото и плачев“, вели Мо.

Атлетичарот вели дека не го пуштале во училиште затоа што морал да работи, па дури на 12 години тргнал на школување. Неговиот наставник по физичко воспитување го мотивирал да вежба атлетика.
Единствено што можев да направат е да побегнам од својата ситуација, да излезам надвор и да трчам“, изјави Мо.
Мо му ја раскажал приказната на наставникот кој ја повикал социјалната служба која го сместиле Мо кај друга фамилија.
Од тој момент беше подобро. Се чувствува како да сум симнал многу голем товар од моите плеќи. Се чувствував слободен“, раскажува атлетичарот.
Не знаев дека толку многу луѓе го поминуваат она што го поминав јас. Тоа само покажува дека сум имал среќа. Тоа што ме спаси, што ме издвои од другите е што можев да трчам“, откри Фарах.

ПретходноАлиоски во Трабзон на едногодишна позајмица и ќе заработи 3 милиони евра
СледноКрстевски е нов тренер на ЖКК Бадел 1862