Ќе се игра фудбал во Украина – локалниот шампионат почнува на 23 август

242

Украина ќе ја започне новата сезона во локалното првенство и покрај тоа што продолжува инвазијата од страна на Русија, објави министерот за спорт на оваа држава.
Украинското фудбалско првенство ќе почне на 23 август. Се договоривме со сите клубови и работиме на процедурата за организирање на натпреварите во услови на војна“, напиша Вадим Гуцајт на социјалните мрежи.

Клубовите во Украина го прекинаа шампионатот во април кога почна руската инвазија, а тогаш Шахтјор Доњецк беше водечки со два бода повеќе од Динамо Киев.
Министерот додаде дека натпреварите во новата сезона ќе се играат на територијата на Украина, но без публика и со задолжителен мониторинг на сите сигурносни протоколи и правила.
За време на воздушни акции, натпреварите ќе бидат прекинувани и фудбалерите и тренерите ќе бидат однесени на сигурно место“, додаде Гуцајт.

Украинскиот фудбал претрпе големи штети во војната. Голем број на странски фудбалери ги напуштија клубовите и како слободни фудбалери се префрлија во други клубови иако имаа договори. ФИФА им дозволи да си заминат од Украина без отштета. Некои стадиони во Украина како и тренинг комплекси се уништени или оштетени, па ќе се тренира и игра таму каде што е оценето дека ситуацијата е безбедна.

ПретходноСреќа што на првиот меч беше 3:0: Многу СОПКИ за Шкупи!
СледноБилетите за мечот Академија Пандев-Лехија по 200 денари