Билетите за Македонија Ѓ.П и ЦСКА Софија по цена од 300 денари!

132

Екипата на Македонија Ѓ.П е еден од тимовите кои ќе се обиде да се избори за подолго европско лето. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на 21. овој месец ќе игра против ЦСКА Москва во рамките на второто квалификациско коло во конференциската лига.

Бителите за овој меч во продажба ќе бидат пуштени од утре, а ќе чинат 300 денари.

„Картите за натпреварот против ЦСКА Софија ќе можете да ги купите на стадионот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ по цена од 300 денари почнувајќи од утре ( среда ) 13.07.2022 до ден пред натпреварот 20.07.2022 во периодот од 09-11 часот и од 17-20 часот. Секој може да купи највеќе две карти за што е потребена лична карта“, велат од таборот на Македонија Ѓ.П. 

ПретходноНишто од најмоќниот напад во историјата: Роналдо доби уште едно „НЕ“
СледноУжас со среќен крај (ВИДЕО)