Вардар 1961 против Нексе, Е.Пелистер против Мешков за место на Ф4 во Задар

205

Сезоната во СЕХА-лига сепак ќе се доигра, откако беше прекината поради руската агресија над Украина.

Пред малку заврши состанокот на Извршниот комитет на регионалното натпреварување на кој беа одредени датумите за четвртфиналните натпревар, како и потврден и датумот за одигрување на фајнл-фор завршницата.

Актуелниот македонски првак ќе игра против Нексе, додека Е.Пелистер за противник ќе го има Мешков Брест, мечевите ќе се играат во периодот од 8. до 25. август, додека битката за титулата е закажана за периодот од 2. до 4. септември во Задар.

Во останатите две четвртфинални двојки, силите ќе ги одмерат Татран Прешов и Веспрем, како и Војводина и ППД Загреб.

Доколку Вардар победи ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Војводина и Загреб, додека пак Е.Пелистер со подобриот од Татран П. и Веспрем.

ПретходноИнтер ги претстави новите дресови!
СледноШок на Гибралтар, Шкупи губи од Линколн на полувреме (ВИДЕО)