Е.Пелистер директно во групите на ЕЛ, Бутел и Е.Пелистер 2 во квалификациите

118

Европската рекомента куќа , ЕХФ, денеска ги објави рејтинзите на екипите кои се кандидати за учевство во Европската лига за наредната сезона.
Во прв ред тоа е тимот на Е.Пелистер, кој доби „валјд – карта“ односно ќе учевствува директно во групната фаза од ова натпреварување, додека пак преостанатите наши учесници во ова натпреварување ќе мора да минат низ квалификациски филтер.

Тимот на Е.Пелистер 2, ќе стартува од првото квалификациско коло и ја доби улогата на носител во ждрепката. Третиот македонски тим во ова натпреварување, Бутел Скопје, нема да биде дел од првото коло, туку напротив ќе биде еден од носителите во втората рунда.

Квалифиакциите стартуваат на 27/28 август, а потоа за една седмица се и реваншите, додека второто коло се игра на крајот на септември односно почетокот на октомври. Европската лига официјално ќе стартува н 25 октомври.

ПретходноШкупи преку Гибралтар до двомеч со Динамо Загреб на Адеми и Ристовски!
СледноУспешно реализиран проектот „Училишен фудбал за девојчиња“