Лазаров открива: Никогаш не можев да спијам добро пред меч!

273

Кирил Лазаров на крајот на минатата сезона стави крај на својата богата кариера. Во „пензија“ замина со крената глава, со исполнети ракометни денови, со голем број пехари, признанија, како и поставени рекорди на светски и европски натпреварувања.

Најдобриот македонски ракометар секогаш е во центарот на вниманието. А како стигна до врвот, и како изгледал еден ден на мак-гол машина откри за ИХФ. На официјалната станица на светската ракометна федерација се најде меѓу неколкуте ракометари кои открија детали од своето секојдневие во склоп на меѓународниот ден на ракометот.

„Секогаш сакав да слушам музика пред натпревар, тоа беше како ритуал. Која музика? Не беше важно, секогаш ме правеше да се чувствувам подобро. Тајна, која никогаш не ја кажував, е дека никогаш не можев добро да спијам пред натпревар. Тоа значеше дека секој натпревар беше важен за мене.

Сепак, имаше натпревари каде што не спиев добро и играв добро и секогаш имав добар сон после тоа. Отсекогаш сакав да играм навечер“, откри Лазаров.

Тој вели дека за секој спортист е важна исхраната. Тој во текот на целата кариера не практикувал да јаде многу, барем за него, овој начин на фукционирање го правел да се чувствува многу подобро.

„За мене секогаш беше важно да имам добар и здрав појадок, да го имам потребното ниво на енергија за да дадам 100% на теренот на тренинзите. Исхраната е најважна за да имате добра и долга кариера. Многу е важно да се јаде добро во текот на целата кариера, не само пред натпревар, на пример. Можете да заработите многу и да ги подобрите перформансите само со добра исхрана, а тоа не е само на физичко, туку и на ментално, бидејќи ќе се чувствувате подобро. Од она што го паметам и научив во текот на мојата кариера, никогаш не јадев многу, бидејќи така се чувствував подобро, имав енергија и го направив она што требаше да го направам на теренот. Но, секој човек е различен. Играчот треба да научи за себе за да биде подобар“, вели Кире за кого кафето исто така е важен риутал во текот на денот. 

ПретходноМанчестер Јунајтед го понижи Ливерпул во неважен натпревар (ВИДЕО)
СледноИнтер ги претстави новите дресови!