Манчестер Јунајтед го понижи Ливерпул во неважен натпревар (ВИДЕО)

293

Пријателскиот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул во Банког заврши со убедлива победа на „црвените ѓаволи“ од 4-0.

На клупата на Јунајтед почна ерата на Ерик тен Хаг, па не е ништо чудно што фудбалерите беа максимално мотивирани. Тен Хаг мечот го одигра со две постави (почна со посилен состав), додека пак на другата страна Јирген Клоп тимот го подели на три постави, првата беше најслаба, па противникот го искористи тоа.

Дуелот го отвори Џејдон Санчо, кој во 12 минута погоди за 1-0, Фред во 30. минута зголеми на 2-0, додека три минути подоцна Марсијал погоди за 3-0.

Во вториот дел Пелистри ги постави конечните 4-0 го гол во 76. минута.

ПретходноОфицијален состав: Седлоски со двајца нови стартери, но затоа тука се Адетунџи и Данфа во нападот
СледноЛазаров открива: Никогаш не можев да спијам добро пред меч!