Сенегалскиот напаѓач од екипата на Шкупи, Мамаду Данфа заработил потрес на мозокот за време на денешниот дуел со Линколн во реваншот од 1. Коло од Лигата на шампионите.
Данфа се судрил со глава со Каланоски, а по завршувањето на мечот загубил свест по што веднаш бил пренесен на прегледи во локалната клиника. Останува да се почекаат лекарските наоди пред да се знае дали и колкава пауза ќе мора да направи Данфа од фудбалските терени.