Среќа што на првиот меч беше 3:0: Многу СОПКИ за Шкупи!

8866

Неверојатно. Многу сопки му се ставаат на тимот на Шкупи пред денешниот реванш со Линколн.

Имено како што дознава „Спортмедиа“ експедицијата на Шкупи, која доцна попладнево треба да го одигра реваншот на Гибралтар со Линколн во рамките од 1.квалификациско коло во ЛШ, се соочува со големи проблеми.

Имено чаирчани од вчера се на Гибралтар, каде што пристигнаа доцна попладнето или вечерта. И задоцнија на тренингот поради патувањето од Малага до Гибралтар и поради граничните служби кои го држеа чаирчани повеќе од еден час. Потоа имаа проблеми со топките, кои изгледаат чудно, па домаќините не сакаа да го наводенат теренот со вештачка трева на “Викторија стадионот“, и нормално теренот “гореше“, којзнае како ќе се игра натпреварот.

Треба да се каже дека поради немањето на сместувачки капацитети на Гибралтар, експедицијата на Шкупи е сместена во Шпанија а на тренингот и на мечот ќе се патува со автобус до Гибралтар.

Исто така треба да се каже дека конекциите за да се стигне до Гибралтар беа лоши. Прво се патуваше до Софија со автобус, потоа со авион до Малага за да повторно со автобус на тренинг до Гибралтар. И за влез и за излез од Шпанија се чека најмалку по еден час. Секако дека тоа создава голема нарвоза кај нашиот шампион.

Треба да се напомене дека пред патувањето имаше и проблеми со визите, а мораше да се направат и ПЦР тестови на Ковид-19.

Затоа велиме дека сета среќа што Шкупи има “капитал“ од 3:0 од првиот меч, а јасно е дека Линколн по секоја цена сака да измненади.

Сепак да се надеваме дека се ова ќе му даде дополнителен мотив на нашиот тим за уште една добра игра и пласман во следната рунда.

ПретходноКрстевски е нов тренер на ЖКК Бадел 1862
СледноЌе се игра фудбал во Украина – локалниот шампионат почнува на 23 август