ФИБА вели, обрнете внимание на Митревски

365

Македонската кошаркарска репрезентација до 20. години летово е дел од Европскиот шампионат Б дивизија кое што ќе се одржи во Грузија. Како најава за самиот настан, кој ќе започне наскоро, ФИБА на својот сајт објави текст во кој посочува на кој играчи од овој турнир треба посебно да им с еобрне внимание. Еден од осумте играчи кои ФИБА ги анализирала и им дала на значење, како најталентирани од оваа генерација е и нашиот Андреј Митревски.

„Митревски е професионален реализатор. На М16 Европското првенство во 2019 година беше втор стрелец со просек од 19 поени по натпревар. И покрај тоа што е млад, тој веќе е стандарден првотимец, стартер (и капитен н.з.) во својот тим во македонското првенство каде постигнува по 13,7 поени со што е на 31. место на листата на стрелците во шампионатот. Со неговите офанзивни способности, се очекува Митревски да биде еден од лидерите на македонската репрезентација која ќе се бори за првиот пласман во ТОП 10 во оваа конкуренција по 2015 година“ – кажува анализата на ФИБА.

Инаку, на списокот на ФИБА, покрај Митревски, внимание на овој турнир во главниот град на Грузија треба да се обрне уште на: Михаило Мусикиќ од Србија, Јаник Краг од Холандија, Константин Костадинов од Бугарија, Крис Хелманис од Летонија, Боби Клинтман од Шведска, Рашан Мбемба од Австрија и Лука Колчеаг од Романија.

ПретходноРодри верен на Сити до 2027 година
СледноШкупи преку Гибралтар до двомеч со Динамо Загреб на Адеми и Ристовски!