Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета во рамките на подготовките за Европското првенство оваа година. Во составот се најде и Никола Јокиќ, како и Василије Мициќ.
Пешиќ ќе смета на Немања Бјелица, како и Алексеј Покушевски, кој ќе го чека дебито во составот на најдобриот национален тим на Србија. Ветеранот Милош Теодосиќ ќе го предводи тимот и овој пат, а во ростерот има и место на 19-годишниот Никола Јовиќ, кој беше одбран од страна на Мајами на годишениот НБА драфт.
Дефинитивно во дресот на Србија нема да го гледаме, Богдан Богдановиќ, кој е повреден.
Србија е во групата Д на ЕП заедно со Полска, Финска, Израел, Холандија и ко-организаторот Чешка.