Македонскиот младински репрезентативец, Амел Рустемоски е нов игра на тимот на Шафхаузен. Досегашниот член на Вил ја менува средината со оглед на фактот што во претходниот клуб не ја доби посакуваната минутажа.
Офанзивецот останува во добро позната средина, во Швајцарија го мина досегашниот дел од својата кариера. Да се надеваме дека во следниот период ќе ја добие вистинската шанса и ќе го покаже вистинскиот квалитет.
Новиот тим на младинскиот репрезентативец се натпреварува во второлигашката конкуренција, своето деби треба да го има за два дена пред домашните навивачи против Тун.