Бернардески ја зголемува италијанската колонија во Торонто

156

Италијанскиот напаѓач Федерико Бернардески е слободен фудбалер откако ја заврши со Јувентус и е во потрага по нов клуб. Според експерот за трансфери на „Скај спортс Италија“ Џанлука Ди Марцио италијанскиот репрезентативец ќе продолжи во Мејџор Сокер Лигата и тоа во тимот на ФК Торонто.
Поранешниот играч на Фиорентина, кој има шест гола во 39 настапи за Италија, ќе се приклучи на италијанската колонија во Торонто. Таму веќе се Лоренцо Инсиње и Доменико Кришито кои ова лето направија трансфери во канадскиот клуб од редовите на Наполи односно Џенова.

ПретходноПознати 12-те кошаркари кои ќе играат на младинското ЕП во Тбилиси
СледноФилипо Инзаги има нов клуб