Италијанскиот шампион Милан се ослободи од крилниот фудбалер Саму Кастиљехо кого го врати во Шпанија. Кастиљехо пристигна на „Сан Сиро“ во 2018 година од редовите на Виљареал за 21 милион евра, а ако во првите три сезони почесто играше минатата сезона само пет пати беше во составот на Стефано Пиоли.
Бидејќи не е во плановите за новата сезона јасно беше дека ќе мора да си оди. „Росонерите“ го раскинаа договорот со тоа што му овозможија беспари да направи трансфер и со тоа „спасија“ барем три милиони евра колку што изнесуваше платата на играчот во последната сезона од договорот.
Кастиљехо со Валенсија потпиша договор до 2025 година.
Инаку Кастиљехо повторно ќе работи со Џенаро Гатузо кој му беше тренер во Милан.