Официјално: Дембеле остана во Барселона

161

Усман Дембеле и натаму ќе биде дел од тимот на Барселона. И покрај фактот што светската јавност го пресели летово речиси на десетина дестинации, сепак, тој на крајот остана на Ноу Камп и потпиша нов договор до 2024 година.

Тој дефинитивно е решен токму во дресот на Барселона да покаже дека не е пропадната талент кој направил десетици милиони евра на име договор, туку дека сеуште е еден од најдобрите во светот. Своевремено Барселона го купи од Борусија Дортмунд за неверојатни 140 милиони евра и долго време е сметан за промашување на векот.

 

ПретходноШестиот нов играч во Лацио доаѓа од Реал Мадрид
СледноЏоел Ембид ќе игра за Франција