Според ФИБА: Јакимовски меѓу петте најдобри млади кошаркари во квалификациите! (ВИДЕО)

304

Не е тајна дека младиот Андреј Јакимовски е еден од оние наши кошаркарски таленти пред кои е светла иднина, а и Македонија од него очекува многу. По пауза од две години тој заигра во репрезентацијата и одигра одлично на последниот “прозорец“ во квалификациите. И затоа дојде и признанието од ФИБА. Имено во анализата на ФИБА се вели дека Јакимовски е меѓу петте млади кошаркари во изминатиот дел од квалификациите.

Секако убаво признание за кошаркарот на Вашингтон Стејт Универзитетот.

ПретходноСтруга ТЛ утре ќе се “тестира“ со Приштина!
СледноПријателска во Банско: „Лавовите“ имаа водство од 2:0, но на крај загубија од Стеауа!