Утре во Маврово, со почеток од 17 часот нашиот прволигаш Струга Трим Лум ќе ја одигра својата втора пријателска средба во текот на овие подготовки. Ривал ќе биде составот на Приштина, еден од најдобрите клубови во Косово.
Инаку четата на стратегот Срѓан Захариевски на првата контрола, која не се одигра докрај поради временските услови, славеше против Охрид со 3:1.
Познато е дека Струга Трим Лум во новата сезона ќе влезе со големи амбиции, раководството на клубот успеа да ангажира неколку квалитетни засилувања, како Бесарт Ибраими на пример. Како што се очекува ќе има уште неколку засилувања со цел екипата да има квалитет за големи нешта за следната сезона.