Филипо Инзаги има нов клуб

369

Италијанскиот тренер Филипо Инзаги стана тренер на италијанскиот второлигаш Реџина со која потпиша договор на три години. Ова ќе биде трет предизвик за Филипо и обид да избори промоција во Серија А со оглед дека во претходните години тоа го направи со Венеција и со Беневенто.
Реџина минатата сезона заврши две места над плеј-аут зоната, а сега со ангажманот на Инзаги се надева на висок пласман. Инзаги доаѓа на местото на Роберто Сталоне кој не го продолжи договорот.
Реџина ова лето остана без пет фудбалери, напуштија бековите Димитриос Ставропулос и Иван Лакичевиќ, голманот Томасо Аљети, играчот од средниот ред Николо Бјанки како и напаѓачот Герман Денис. Нови фудбалери се младите Лоренцо Гавиоли кој дојде од Интер и Јасин Ејаки од Вис Песаро.

ПретходноБернардески ја зголемува италијанската колонија во Торонто
СледноMилан бесплатно го даде Кастиљехо во Валенсија