Гостивар го донесе младиот плејмејкер Октај Ракипи

525

Македонскиот второлигаш Гостивар ги засили своите редови со уште еден фудбалер. Октај Ракипи, 18-годишниот играч од средниот ред се враќа во матичниот клуб како позајмен од Шкендија.
Ракипи е дел и од младинските репрезентации на Македонија У15, У17 и У19 со вкупно 52 одиграни натпревари.
Гостивар кој е еден од најсериозните кандидати за влез во ПМФЛ, а досега ангажираше неколку нови фудбалери меѓу кои Благоја Спирковски, Вилдан Керим, Анџело Николовски, Ѓорѓи Јанушев, Филип Петковски, Дарко Стојанов, Виктор Крстевски, Стојан Стојчевски, Емран Рамадани, Бурхан Мустафа, Ујкан Муча…

ПретходноСедлоски: Ова беше највозбудливиот меч во целата моја играчка и тренерска кариера
СледноЊукасл ќе го руши трансферниот рекорд со ангажман на Исак