Диме Димов: Се надеваме на фудбалско чудо!

567

Диме Димов е еден од клучните играчи на А. Пандев. Од него зависи многу работи во одбраната на струмичани. Јасно е дека и него и неговите соиграли утре ги чека уште еден тежок европски натпревар, и тоа против Лехиа која во Гдањск на првиот меч успеа да ги победи “пандевци“ со 4:1.

Дали А. Пандев може да дојде до триумф, до чудо, свој коментар има токму Димов, кој на денешниот прес потенцираше.

А. Пандев ќе одигра максимално, сите сме свесни дека резултатот од првиот меч не е реален. Ние ќе сториме се што е до нас да одиме во следната рунда. Утре ако сакаме чудо, а сакаме, ќе мора да не примиме гол, но да постигнеме брз гол. Треба да дадеме од себе 200%. Полскиот тим ја казнува секоја грешка, спортски е да се надеваме и како што реков со брз гол можеме до чудо“ посочи Димов.

Како што е веќе познато, овој натпревар меѓу А. Пандев и Лехиа Гдањск се игра утре на ФФМ со почеток од 17 часот.

ПретходноЃорѓи Стојчев: За А. Пандев утре е голем фудбалски ден!
СледноОфицијално: Челзи го претстави Стерлинг! (ФОТО+ВИДЕО)