ЕП Б ДИВИЗИЈА: Кошаркарките по голема драма до победа над Романија

199

Во меч со мал број поени, македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години го запиша вториот триумф на ЕП В Дивизија кое што се одржува во Скопје. Нашите кошаркарки по голема драма ја совладаа Романија со 55-53 во последниот меч од групната фаза.

Со две победи и исто толку порази, Македонија има шанси да игра во четвртфиналето, но за тоа ќе биде потребна победа на Црна Гора над Хрватска.

Дуелот почна во знакот на противничките кошаркарки, кои поведоа со 12-20 по првата четвртина. Во следниот период „паднаа“ мал број на поени, Македонија беше подобра со 10-9 за 22-29 на полувремето.

Избраничките на Јелена Антиќ во дуелот се вратија токму по одморот. Направија серија од  16-2 за целосен пресврт и водство од 38-31 во 28 минута. Романките вратија со 2-6 за 40-37 пред стартот на последната четвртина.

По две минути игра, Романките поведоа со 42-43, но нашите девојки со пет поени во низа го вратија водството на 47-44. Сепак ова биту одблиску не беше доволно за да се урне отпорот на противникот, кој со ново израмнување 47-47 ја најави драматична завршница. По новите 49-49 долго време на теренот ниту една репрезентација не успеа да реализира, овој „молк“ го прекина Николиќ погоди едно слободно фрлање.

Македонија не искористи два напади за да зачекори сигурно кон победата, на голема среќа ниту Романија не се снајде најдобро и не успеа да казни. Матеа Атанасовска зголеми на 52-49. На 20 секунди до крајот Димитријевиќ ги погоди двете слободни фрлања за 54-50. Романките вратија со тројка за 54-53, Поп Стојанова не реализираше чист зицер, но на голема среќа Атаносовска беше половична од линијата за слободни фрлања за крајни 55-53.

Селцова со 12 поени и Атанасовска со 10 поени беа единствени со двоцифрен број на поени, Николиќ имаше 9 поени, Димитријевиќ 8.

ПретходноНестор стрелец на првиот гол за Удинезе на првиот тест!
СледноАмел Рустемоски потпиша за Шафхаузен