Качмарек: Респект за А. Пандев, но Лехиа очекува пласман во следната рунда!

119

Утре во Скопје, со почеток од 17 часот на ФФМ, се игра реванш мечот од 1.квалификациско коло во ЛК и тоа меѓу А. Пандев и Лехиа. Првиот меч во Гдањск заврши со резултат 1:4 за тимот од Полска.

Во пресрет на утрешниот дуел, стратегот на Лехиа Томаш Качмарек, на денешниот прес покрај другото истакна.

Имаме добар резултат од првиот меч. Сепак не бепе лесно против А. Пандев. Имаме голем респект за А. Пандев, но не криеме дека посакуваме пласман во следната рунда. Дојдовме во Скопје со голема самодоверба. Знаеме дека домашниот состав игра напаѓачки и затоа во тоа треба да ги запреме. За мене фокус утре е победа, играме со најдобриот состав, нема да калкулираме“ посочи Качмарек.

Напаѓачот Марко Терацино пак посочи…

Се сложувам со тренерот дека имаме добар резултат од првиот меч. Не криеме дека сакаме да одиме во следната фаза. За мене најважно како напаѓач е да постигнувам голови. Не е тајна дека во добра форма сме, одиме чекор по чекор. Ова е важен меч за нас. Времето е топло и мене тоа ми одговара“.

ПретходноШкупи во понеделник ќе го дознае ривалот за 3.квалификациско коло во ЛШ или ЛЕ!
СледноЃорѓи Стојчев: За А. Пандев утре е голем фудбалски ден!