Клоп за дебито на Дарвин: По третиот спринт ќе му експлодираа градите

2937

Ливерпул загуби од Манчестер Јунајтед со 4:0 на пријателски меч во Бангкок, а на истиот за „црвените“ дебитираше новото мега засилување Дарвин Нуњез. Уругваецот кратко е во Ливерпул, ова е трет пат екс-играчот на Бенфика да работи со новите колеги и се гледа дека е надвор од ритам. Тоа го потврди и Јирген Клоп.
Тој е централен напаѓач, а исто така игра и како крило. Ќе видиме како ќе се снајде… Но каков што гледате соиграчите веќе го „хранат“ со топки во нападот. Меѓутоа мора да го разбереме и Нуњез. Ова е негова трета сесија со новите играчи и мислам дека не треба да го форсираме. Ми се чини дека по третиот спринт ќе му експлодираа градите. Речиси го убивме со тие долги топки, но тој се трудеше да направи нешто во нападот и соиграчите постојано се обидуваа да ја турнат топката кон него.
Добро е што го имаме. Тој ќе ни даде брзина, агресивност и физичка моќ во нападот. Меѓутоа Нуњез мора да работи на подобрување на физичката кондиција за да биде топ напаѓач на Ливерпул во новата сезона. По заминувањето на Мане, Уругваецот мора да биде клучен играч во борбата за титулите“, изјави Клоп.

ПретходноЈовиќ на дебито за Фиорентина постигна повеќе голови отколку во 51 меч за Реал!
СледноСедлоски: Ова беше највозбудливиот меч во целата моја играчка и тренерска кариера