Обрадовиќ донесе Американец со кој ја освои Евролига!

313

Американскиот крилен играч Џејмс Нанали е трето засилување за Партизан за новата сезона, потврдија од клубот на својата официјална страница. Станува збор за кошаркар кој му е добро познат на Жељко Обрадовиќ, двапати соработуваа во Фенербахче.

Нанели доаѓа од Макаби каде имаше просек од 14,1 поен по натпревар во Евролигата, додека во плеј-офот бележеше 11 поени. Со Обрадовиќ за првпат соработуваше од 2016 до 2018 година кога ја освоија титулата во Евролига, две титули во Турција, тамошниот Куп и Суперкуп.

Во својата кариера играше за Авелино, Маками, Естудијантес и Кавала, во 2019 играше и за Шангај во Кина.

ПретходноЦрна Гора ја лансираше Македонија во 1/4 финалето!
СледноСо гол од корнер во 123. минута обезбедија место во 2. коло од ЛШ (ВИДЕО)