Седлоски за хрватските медиуми: Ја знам секоја коцка на „Максимир“, Адеми е главен…

1249

Шкупи на 19 јули во Загреб ќе му гостува на Динамо Загреб во меч од 2.квалификациско коло во ЛШ. Една недела подоцна се игра реваншот во Скопје. Со оглед на тоа дека тренер на чаирчани е Гоце Седлоски, некогашниот капитен на “модрите“, клупска легенда, секако дека тој е интересен деновиве за медиумите во Хрватска, кои сакаат од него да дознаат за тоа што тој мисли за претстојниот двомеч меѓу Шкупи и Динамо Загреб.

Нема дилеми, Динамо Загреб е моќен тим, најсилниот клуб на Балканот. Ние во овој двомеч нема што да загубиме. Со пласманот во 2.квалификациско коло во ЛШ си обезбедивме уште најмалку шест европски натшревари. Против Динамо ќе играме растоварени од секаков притисок. Секако веруваме дека можеме да го изненадиме Динамо, фудбал е тоа. Долги години играв за Динамо, тука дојдов и како тренер на Вардар, баш ме привлекува тој `Максимир`. Верувајте, ја знам секоја негова коцка. Го знам Динамо во неговата срж“ вели Седлоски за хрватските медиуми.

Тој споменува дека добро го познава Динамо, нема многу тајни…

Добро го познавам овој тим на Динамо, некои од играчите и сум ги тренирал. Нема тајни тука, Динамо е супер тим, навистина квалитетен состав. Ние ќе дадеме се од себе да одиграме најдобро што можеме. Штета што во реваншот нема да играме на нашиот стадион на Чаир туку на Арената. Инаку го гледав Динамо со Хајдук на мечот од Суперкупот, делуваше одлично. Сепак се знае кој е главен во Динамо, тоа е Аријан Адеми“ посочи покрај другото Седлоски.

ПретходноБарса го потврди Рафиња
СледноОбјавена е листата на клубови со најголеми долгови, Барса убедливо на првото место, следува Јуве! (ФОТО)