Тренерот на Шкупи Гоце Седлоски даде свој коментар за реванш натпреварот од 1. квалификациско коло против Линколн. Шкупи дојде во Гибралтар со предност од 3:0 стекната во Скопје, а на „Викторија стадионот“ загуби со 2:0, но сепак пројде во следната рунда каде што ќе го чека многу посериозен противник Динамо Загреб.
„Ова беше највозбудливиот натпревар во целата моја кариера и како фудбалер и како тренер иако имавме голема предност, знаев дека ќе биде тешко со оглед на некои работи што се случија како проблемот со Хамид, потоа теренот како тетички и така натаму. но ги поздравувам моите фудбалери кои покажаа карактер и храброст на теренот.
Головите паднаа по наши грешки, а противници за кои секој мисли дека се лесни знаат да направат многу проблеми. Во секој случај задоволен сум што поминавме понатаму. Сакам да продолжиме да работиме и да ги исполниме нашите цели и да го претставиме Шкупи во најдобро светло“, вели Седлоски.
Дома Фудбал Европски купови Седлоски: Ова беше највозбудливиот меч во целата моја играчка и тренерска кариера