Хасани: Верувам и очекувам Шкендија да се пласира во следната рунда!

182

Шкендија утре во Ереван ќе го одигра реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа во Ереван против тимот на Арарат. Во Скопје беше 2:0 за тетовци. Сепак за конечен триумф ќе треба да се одиграат уште 90. Минути.

Искусниот капитен на Шкендија Ферхан Хасани за тоа што може да се очекува од утрешниот дуел потенцира…

“По добрата игра и резултат во првиот меч, утре не очекуваат 90.минути во Ереван. Ќе влеземе на овој натпревар максимално, целта е да се извлече што подобар резултат за нас. Го анализиравме првиот меч во Скопје, верувам и очекувам со максимална посветеност дека можеме да се пласираме во следната рунда“ изјави популарниот Буба.

ПретходноСП 2022 во Катар: Или вакцина или самоизолација од пет дена!
СледноОфицијално: „Кралевите“ ќе возат БМВ! (ВИДЕО)