После долго време една добра вест кога станува збор за македонската женска репрезентација. Нашите кошаркарки до 20 години успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Европското првенство Б Дивизија. По триумфот над Романија, втор на ова натпреварување, Црна Гора ја оправда фаворитската улога против Хрватска славеше со 49-80 и ја лансираше Македонија меѓу најдобрите осум репрезентации.
Избраничките на селекторот, Јелена Антиќ на патот до полуфинале ја имаат Словенија, која заврши без пораз во групата Д. Овој меч се игра во петок со почеток во 16:30 часот.
Нашите кошаркарки ќе имаат еден ден да се одморат и да се подготват за новиот предизвик на овој шампионат.
Македонија групната фаза ја заврши на второто место со две победи и два порази.