Лацио го објави и шестиот нов фудбалер за новата сезона 2022/23. „Небесно-сините“ потврдија дека нов фудбалер е централниот бек Марио Гиља кој доаѓа од Реал Мадрид, поточно од младинскиот тим.
Се работи за 21 годишен фудбалер кој досега играл за младинскиот тим и за Б тимот на Реал Мадрид. За неговиот ангажман Лацио ќе плати 6 милиони евра.
Инаку Гила е шестиот нов фудбалер на „Олимпико“, а претходно дојдоа Алесио Ромањоли, Матео Канселери, Николо Касале, Матија Закањи и Маркос Антонио.
🚨 𝐔𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋𝐄 🚨
✍️ @MarioGila00 è un nuovo calciatore della #SSLazio!#CMonEagles 🦅 pic.twitter.com/ZdYoYhzxG9— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) July 12, 2022