Шкупи во понеделник ќе го дознае ривалот за 3.квалификациско коло во ЛШ или ЛЕ!

882

Во понеделник (18 јули) во Нион, ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациска рунда за Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Македонија ќе има најмалку еден учесник во оваа фаза од европските натпреварувања, а тоа е составот на Шкупи кој ќе го дознае ривалот за таа фаза во квалификациите во ЛШ (ако го мине Динамо Загреб) или ЛЕ (ако биде елиминиран од Динамо Загреб).

Со оглед на резултатот од првиот меч со Арарат (во Скопје беше 2:0), Шкендија утре го игра реваншот во Ерменија и има реални шанси да си закаже двомеч од 2.квалификациска рунда со Валмеира (Летонија). Тоа би значело дека и тетовци во понеделник ќе го дознаат можниот ривал за третата квалификациска рунда во ЛК.

Не сакаме предвреме да ја отпишуваме А. Пандев, но речиси сигурно е дека струмичани после оние 1:4 во Гдањск, утре во реваншот во Скопје ќе нема што да бараат.

Македонија ЃП ова лето директно се пласираше во 2.квалификациско коло во ЛК. Двомечот со ЦСКА Софија ќе се игра на 21 и 28 јули, и ако успее да излезе како победник тогаш ќе се најде во третата фаза.

Инаку мечевите од 3.квалификациско коло во ЛШ се играат на 2/3 и 9 август, во ЛЕ и ЛК на 4 и 11 август.

Рековме дека досега само Шкупи е сигурен за оваа фаза. Да се надеваме дека тоа ќе бидат и Шкендија и Македонија ЃП.

ПретходноПријателска во Банско: „Лавовите“ имаа водство од 2:0, но на крај загубија од Стеауа!
СледноКачмарек: Респект за А. Пандев, но Лехиа очекува пласман во следната рунда!