Ѓорѓи Стојчев: За А. Пандев утре е голем фудбалски ден!

167

А. Пандев утре се среќава со силниот полски тим Лехиа Гдањск, во реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ако се знае дека првиот меч заврши со убедлив пораз на струмичани, сепак тие ќе дадат се од себе да одиграат квалитетно и да го дојдат до добар резултат.

На денешниот прес по повод утрешниот меч, стратегот Ѓорѓи Стојчев посочи:

За нас утре е голем фудбалски ден. Веруваме во успех, веруваме дека можеме до следната рунда. Марко Ѓорѓиевски е повреден и нема да игра, исто како и Бојан Димоски и Коста Манев. Влегуваме во мечот да победиме. Ќе одиграме офанзивно, ќе сториме се да победиме. Утре А. Пандев мора да одигра перфектен меч, без грешка, против себе имаме одличен тим, треба да бидеме агресивни“ рече покрај другото тренерот на А. Пандев.

Натпреварот се игра на ФФМ со почеток од 17 часот.

ПретходноКачмарек: Респект за А. Пандев, но Лехиа очекува пласман во следната рунда!
СледноДиме Димов: Се надеваме на фудбалско чудо!