Денвер Нагетс го донесе Деандре Џордан кој треба да го пополни местото на Никола Јокиќ додека српскиот кошаркар одмара на клупата за време на натпреварите.
Истата улога Џордан минатата сезона ја вршеше со Џоел Ембид и Џејмс Харден во Филаделфија, а сега одлучи да ја промени средината. Инаку во кариерата 33-годишниот кошаркар играл и за Л.А. Клиперс, Далас, Њујорк, Бруклин и Лејкерс.
Најголемиот успех на Деандре Џордан е злато со репрезентација на САД на Олимписките игри во Рио 2016 година.