Еден од најдобрите НБА кошаркари, особено кога станува збор за центарската позиција, Џоел Ембид се стекна со француско државјанство, и наскоро ќе дебитира за оваа репрезентација.
Тој е роден во Камерун, но неговото семејство живее во Франција. Тој би требало да го облече дресот на Франција на Мундијалот во 2023 година или пак на Олимписките игри во 2024.
Сепак, приклучувањето на Ембид во репрезентацијата на Франција не им се допадна на сите, како на пример на Ендру Албиси.
„Не играл во Франција, нема ништо со нашата земја, освен тоа што неговото семејство живее тука и што зборува француски. Многу веројатно никогаш и не бил во Франција“ – изјави Албиси.