Попладнево во Скопје и во Кавадарци се одиграа две пријателски средби. На стадинот „Борис Трајковски“ во Маџари, Работнички и Победа одиграа без голови. Интересно е тоа што ова беше втора контрола за „романтичарите“ ова лето и на втората одиграа без голови.
Во Кавадарци пак Тиквеш со 1:0 успеа да ја победи Саса во својот прв тест во текот на овие подготовки. Стрелец на голот беше Мишов во 30.минута.