Експедицијата на Шкендија веќе два дена е во Ереван каде се аклиматизира на условите во главниот град на Ерменија. Тетовци попладнево го одработија и оној задолжителен тренинг на теренот на Националниот стадион во Ереван каде утре од 17 часот ќе го одиграат реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против составот на Арарат Ереван.
Да потсетиме дека на првиот меч во Скопје, на Националната Арена “Тодор Проески“, тетовци славеа со 2:0.
Да се надеваме дека момците на стратегот Артим Шаќири ќе одиграат уште еден одличен меч и дека ќе си закажат двомеч од втората рунда против летонската Валмеира.