Досегашниот лев бек на тимот на Џенова, Андреа Камбијасо е третото ново име во тимот на Јувентус ова лето. За него клубот од Торино ќе плати 8,5 милиони евра со уште 3 милиони во вид на клаузули. Камбијасо од денеска и официјално е член на Јувентус до 2027 година.
По Ахел Ди Марија, односно Паул Погба, младиот 22. годишен дефанзивец е третото ново име кај Јуве. Тој вчера ги мина лекарските прегледи, денеска го потпиша договорот и беше официјално промовиран.
Од руга страна пак, романецот Раду Драгушин од Јуве оди во спротивен правец кон Џенова и тоа со слободен трансфер. Јуве за него ќе наплати 5,5 милиони евра, а под одредени услови може да се активираат уште 1,8 милиони. 20-годишниот дефанзивец имаше само еден настап за Јувентус во Серија А, откако беше позајмен во Сампдорија и Салернитана во последните две сезони.