Од денеска најголемиот клуб во светот, актуелен европски и шпански првак е во погон. Реал Мадрид ги стартуваше подготовките, и нормално во преден план за новинарите беше стратегот Карло Анчелоти.
Тој најмногу се задржа на две прашања.
Првото беше што мисли за новите имиња Чуамени и Рудигер, а второто беше за што и како понатаму со Еден Азар.
“Можам да кажам дека сум задоволен од двете засилувања. И Чуамени и Рудигер се квалитетни играчи, сепак ќе им треба време да се адаптираат во новата средина. И двајцата ќе му донесат квалитет на Реал Мадрид“ рече Дон Карло и продолжи…
“Имаме доволни опции во нападот, тука секако дека е и Еден Азар, посебно на позицијата класичен напаѓач. Тука главен е Карим Бензема, но оваа сезона ќе биде чудна, долга, ќе се игра и СП во Катар. Затоа ни се потребни неколку опции. Сметам дека со оглед на неговите неспорни квалитети, на таа позиција може да игра и Азар“.