Артим Шаќири: Честитки за момците, Шкендија заслужено оди натаму!

647

Шкендија во Ереван против Арарат попладнево одигра 2:2. Сосема доволно за пласман во следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции, ако се знае дека на првиот меч во Скопје резултатот беше 2:0 за нашиот тим.

По сите оние 90.минути во Ереван, свој коментар по мечот има Артим Шаќири, стратегот на Шкендија.

Прво сакам да им честитам на момците, мислам дека повеќе од заслужено одиме натаму. Победивме на првиот меч со 2:0, сега тука беше 2:2. Мислам дека таков е фудбалот, на наше водство од 2:0 тука во Ереван имавме неколку шанси за уште некој гол, и кога нема да дадеш тогаш ќе примиш. Сега се враќаме во Тетово, каде ќе имаме одмор ден – два, но веднаш ќе почнеме со анализа за нашиот следен ривал, тимот на Валмеира. Во вторник би требало да патуваме за Летонија“ посочи Шаќири кој не го криеше своето задоволство по пласманот во следната фаза.

ПретходноСе најавува спонзор од Италија во А. Пандев!
СледноГотово е: Кулибали е ново име во Челзи!