Брегалница го победи српски Трајал, но „раскина“ со Азиновиќ!

753

Во пријателски натпревар во Штип, Брегалница со 2:0 го победи српскиот тим Трајал. Стрелци на головите беа Ѓокиќ во 12.минута и Алтипармаковски во 59.минута . Можело да биде и 3:0, но Ѓокиќ не реализирал удар од белата точка.

Ова беше трет контролен меч на „сините“, сите три одиграни во Штип и втора победа.

Ново е тоа што раководството на клубот од Штип одлучи да го раскине договорот со хрватскиот дефанзивец Антонио Азиновиќ. Тој во Брегалница дојде минатото лето, а сега откако двете страни се договори да ја прекинат соработката, Азиновиќ не е веќе играч на Брегалница.

ПретходноПријателска: Струшкиот судија Качевски досуди два пенали за Приштина против Струга ТЛ!
СледноСе најавува спонзор од Италија во А. Пандев!