Вардар 1961 против Нексе на 23. август, ден подоцна Е.Пелистер ќе го пречека Мешков

214

Сезоната во СЕХА-лига сепак ќе се доигра. Бордот на регионалното натпреварување ги скрои четвртфиналните двојки кои ќе ги дадат патниците на фајнл-фор завршницата која ќе се одржи во Задар.

Добро е познато дека Вардар 1961 ќе игра против Нексе, додека Е.Пелистер против Мешков Брест. Актуелниот македонски првак на домашен терен ќе го пречека хрватскиот тим на 23. август, додека пак Е.Пелистер првиот официјален меч пред битолската публика ќе го одигра ден подоцна.

Во останатите четвртфинални двојки силите ќе ги одмерат Татран Прешов – Веспрем и Војводина – ППД Загреб.

Сатниците за овие мечеви ќе бидат одредени подоцна.

ПретходноПознат е возниот ред: Македонија тргнува кај Данска, завршува во Норвешка!
СледноДембеле: Опцијата да останам во Барса секогаш беше на прво место