Ждрепка во Минхен: Македонија ги чека противниците за претквалификациите за ЕП 2025!

164

Македонската кошаркарска репрезентација повторно ќе има тежок пат за место на едно големо натпреварување по долга пауза. Денеска во Минхен, „црвено-жолтите“ ќе ги добијат имињата на противниците за претквалификациите за место на Европското првенство во 2025 година.

Македонија ќе игра против Словачка, додека останатите две селекции ќе ги дознае денеска. Вкупно 12 репрезентации ќе се борат во овој дел, ќе бидат поделени во три групи по четири учесници. Ќе се игра низ три „прозорци“ по принцип дома на гости, а победниците од сите групи ќе се пласираат во квалификациите за ЕП 2025 година.

Датуми за одигрување на ФИБА „прозорците“ се:

4. прозорец: 22-29. август 2022 година (со натпревари на 25.август-четврток, и 28. август-недела).

5. прозорец: 7-15. ноември 2022 година (со натпревари на 10.ноември-четврток, и 13. ноември-недела).

6. прозорец: 20-28. февруари 2023 година (со натпревари на 23.февруари-четврток и 26. февруари-недела).

ГРУПА Д

СЛОВАЧКА

МАКЕДОНИЈА

Победник на групата претквалификации

Победник во не-група претквалификации

ГРУПА Е:

ХРВАТСКА

ПОЛСКА

Победник на групата претквалификации

Победник во не-група претквалификации

ГРУПА Ф

ПОРТУГАЛИЈА

БУГАРИЈА

Победник на групата претквалификации

Победник во не-групата претквалификации

Македонија последен пат на едно големо натпреварување се пласираше во 2015 година, бевме дел од еврошампионатот во Хрватска.

ПретходноПоп Арсова замина на СП во САД, в понеделник ќе настапи на маратонот
СледноКостадин Захов: Знаеме како треба да одиграме за пласман во следната рунда!