Бразилскиот дефанзивец Марсело, кој го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона, би можел да стане дел од новиот клуб на некогашниот сосптвеник на Милан, Силвио Берлускони.
Според италијански извори, Монца е сериозно решена да ги засили своите редови со добро познати играчи со цел веднаш да влезе во топ 10 на табелата во италијанскиот шампионат. Ова е главна причина да му се понуди договор на Бразилецот, кој се уште нема одлучено каде ќе продолжи ова лето.
Претставниците на Монца се обиделе да го убедат Марсело со идејата за нивниот проект, но се уште не добиле одговор на нивната понуда.