Готово е: Кулибали е ново име во Челзи!

187

И дефинитивно Калиду Кулибали е нов член на Челзи. Откако попладнево тој ги мина лекарските прегледи, и официјално сега веќе екс фудбалерот на Наполи, се договорл и официјално со „сините“ од Лондон за петгодишен договор за кој ќе добива по 10 милиони евра по сезона.

Додека Наполи ќе добие 38 милиони евра плус два милиони по разни основи како бонуси.

Се разбира дека Кулибали ќе биде големо, огромно засилување во тимот на стратегот Томас Тухел. Прво Рахим Стерлинг, а денеска и Калиду Кулибали.

Се чини дека Челззи и во наредната сезона, сега под капата на новиот газда Тод Боли ќе има супер тим.

ПретходноАртим Шаќири: Честитки за момците, Шкендија заслужено оди натаму!
СледноРудигер и Чуамени почнаа да тренираат со Реал Мадрид, недостасува само Бензема