Добра ждрепка: Кошаркарите ги добија ривалите во претквалификациите за Евробаскетот 2025

328

Кошаркарските репрезентации на Словачка, Данска и Норвешка ќе бидат противници на Македонија во претквалификацискиот циклус за пласман на Евробаскетот 2025 година.

На денешната ждрепка во Минхен, Македонија имаше одлична ждрепка, па сега останува да ги „засукаме ракавите“ и да направиме се да го минеме првиот филтер во овој квалификациски циклус. Словаците и пред ждрепката ни беа познат противник, а од следните два шешира ги добивме Данците и Норвежаните.

Датуми за одигрување на ФИБА „прозорците“ се:

4. прозорец: 22-29. август 2022 година (со натпревари на 25.август-четврток, и 28. август-недела).

5. прозорец: 7-15. ноември 2022 година (со натпревари на 10.ноември-четврток, и 13. ноември-недела).

6. прозорец: 20-28. февруари 2023 година (со натпревари на 23.февруари-четврток и 26. февруари-недела).

Македонија последен пат на едно големо натпреварување се пласираше во 2015 година, бевме дел од еврошампионатот во Хрватска.

ПретходноПСЖ не се откажува од Aргентинецот: Катарците му понудија нов договор на Меси
СледноОбјавени можните ривали на Шкупи во 3. коло од елиминациите во ЛШ