Премиерлигашот Ливерпул и натаму на своите дресови како главен и воедно и едиствен спонзот ќе ја носи банката „Стандард Чартерд“. Оваа сериозна финансиска институција на светско ниво е дел од Луверпул од 2010 година, а со оглед на одличната соработка досега, потпишан е нов договор кој ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.
Според „Тајмс“, новиот договор доаѓа со подобри финансиски услови за клубот и вели дека досегашната сума од 40. милиони фунти на годишно ниво е зголемена на 50. Тоа значи дека во текот на следните четири години Ливерпул ќе добие од Стандард Чартерд 200 милиони фунти.
Од друга страна пак, „Тајмс“ додава дека најатрактивниот клупски договор со спонзор на дрес е помеѓу Реал Мадрид и Флај Емиреитс. Кралскиот клуб добива од 60 милиони фунти годишно.